Чоко - урми (посно)
Состојки
- 1 кутија Свежи Урми
- 1/2 Лимон (сокот)
- 1 Ванила
- 70 гр Шеќер во прав
- околу 130 гр Ореви (мелени)
- За чоколадна глазура - 100-150 гр Чоколадо за готвење.
Подготовка
Овие мини колачиња се задолжителни на нашата посна славска трпеза, а и многу често во текот на годината. Урмите сами по себе се слатки и многу здрави. Лесно се дигестираат и го намалуваат чувството на глад и можат да ги користат и деца и возрасни.
Подготовка
1. Урмите ги лупиме (по желба, ако не сакате не мора), па ги сечеме од едната страна. Извадете ја семката. Во касерола на тивок оган ги ставаме сокот од лимон, ванилата и шеќерот во прав, мешаме додека да се растопи целосно, па ги додаваме мелените ореви, соединуваме. Во средината ставете околу пола мала лажичка од филот, па затворете. Вака филувајте ги сите урми и оставете ги во замрзнувач околу 10-на минути за полесно чоколадирање.
2. Потоа пригответе ја чоколадната глазура. Во сад на пареа го ставаме чоколадото и додаваме масло (на 100 гр чоколадо се става 3 г.л. масло) постојано мешаме додека чоколадото да се растопи и да добиеме сјајна глазура.
3. Секоја урма ја буцкаме на чачкалица, па ја потопуваме во чоколадната глазура, го цедиме убаво вишокот на чоколадо и ги буцкаме на соодветна подлога додека да се стегне чоколадото (јас на подлога од стиропор). Послужуваме веднаш или по потреба.
- Забелешка - Овие чоко - урми може да си ги направите и предвреме и во пластична кутија со капак да ги замрзнете, па по потреба да ги користите. Јас најчесто така ги припремам кога ги правам за нашата слава.
На здравје!