Пилешко џигерче во тава

Состојки
- 800 гр пилешки дропчиња
 - 400 гр шампињони
 - 1главица кромид
 - 1 домат
 - 100мл бело вино
 - 100гр брашно
 - 50гр путер
 - 2чешниња лук
 - 1/2лажица црвен пипер
 - 1лажиче хималајска сол и бибер
 - 100мл масло
 
Подготовка
Подготовка:
Веднаш да кажам дека јас користев маринирани печурки, а во оргиналот рецепт стои свежи.
1. Ако ставате свежи исецкајте и издинстајте ги добро. Истото и јас го направив само што моите веќе беа сецкани. Кога се готови ги вадиме со лажица и ги префрламе во друг сад.
2. Во истата тава на оган го запржуваме лукчето и кромитчето на путерот. Откако се готови им ги додаваме дропчињата кои претходно ги измивме и ги исушивме на кујнска хартија. Кога се исушени ги превалкуваме во брашно, па ги додаваме во тавата. Промешуваме да се запржи убаво.Зачинуваме и со црвениот пипер. И доматот го сецкаме на многу ситно или пак изрендајте го и додајте го во тавата. Откако се добро ќе се запржи вратете ги и печурките, па додајте им го белото вино. Покријте со капак и оставете да динста.
 Кога е готово сервираме и служиме.
 Нека ви е слатко.