Смути од цреши и банана
Состојки
- 100 гр (мерени исчистени) Цреши
- 1 Банана (позрела)
- 150 мл Вода
Подготовка
Црешите се слатки и вкусни, полни со хранливи материи и одлични за здравјето. Нема ништо подобро од консумирање една чинија цреши. Но тоа не е единствен начин да добиете нутритивни придобивки од нив. Во сезона, секогаш е најдобро да се консумираат свежи, но секако може и да ги вметнете во смути, милкшејк, најразлични десерти и слично. Овојпат ви предлагам освежително смути во комбинација на црешите со банана.
1. Измијте ги и исчистете ги црешите од семките. Исечкајте ја бананата на кругови.
2. Сите состојки ставете ги во блендер, додајте ја водата и блендирајте додека да се добие хомогена смеса. Напитокот испијте го веднаш.
- Забелешка - Бананата и црешите беа доволно зрели и благи, и поради тоа јас не користев додатни засладувачи, но доколку според вас има потреба за тоа, тогаш додадете засладувач по ваш вкус.
На здравје!