Испечати

Ситни блакца со брусница

Ситни блакца со брусница

Состојки

  • 200 гр Чоколадо за готвење (вкус јагода) или Бело чоколадо (за готвење)
  • 6 г.л. Масло
  • 100 гр Сусам
  • 100 гр Сончоглед
  • 100 гр Брусница

Подготовка

Брзи и превкусни ситни блакца, кои по желба може да ги припремите во калап со форма по избор или во книжни каписли. Вкусот им е единствен и несекојдневен. Подготовката, исто така е многу лесна и брза.

Подготовка:

1. Во сува нелеплива тава, на умерена температура, ги потпекуваме сусамот и сончогледот, додека благо да заруменат, притоа мешајќи со дрвена лажица. Ги истураме во длабок сад.
2. Брусницата ја сецкаме на помали парчиња, и неа ја додаваме во садот.
3. Чоколадото со маслото го топиме на пареа, па го додаваме кај претходните состојки. Соединуваме со лажица.
4. Во калап со форма по желба (кај мене триаголник) ставаме стреч фолија, па ставаме од смесата, рамниме убаво и оставаме да се стегне во обичен фрижидер. Потоа сечеме парчиња со остар нож. Дел од смесата јас ставив во најмалите книжни каписли.

*Забелешка - По желба чоколадото со вкус на јагода, може да го замените со бело чоколадо.

На здравје!