Паста со сос од домати и јагоди (посно)
Состојки
- 130гр. шпагети
- Сос
- 130гр зрели јагоди
- 170гр. зрели мали долгнавести домати( може и зрели шери домати)
- 1 големо чешне лук
- по потреба маслиново масло, сол и црн бибер
Подготовка
Малку поинаков сос за паста. Слатко кисел вкус кој мене лично ми се допадна.
Дозата е за една голема порција, но ако и некој друг сака да проба тогаш дуплирајте ги дозите.
Пoдготовка
1. Во солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
2. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и чешнето лук, кое ќе го притиснете малку со нож. Оставете да се пржи, на среден оган, додека убаво се ароматизира маслото. Извадете го лукот, па додајте ги доматите исечени на четвртинки. Оставете да се готват на потивок оган, околу 8 минути. Додајте ги јагодите исечени на четвртинки. Мешајте и оставете уште 5-6 минути на оган. Поросете бибер и додајте ги сварените и исцедени шпагети.
Измешајте убаво и ... добар апетит.