Испечати

Класична бајадера

Класична бајадера

Состојки

  • 200 мл. вода или млеко
  • 250 гр. маргарин или путер
  • 200 гр. шеќер
  • 2 ванила
  • 400 гр. мелени бисквити
  • 300 гр. мелени ореви
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • За глазура
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 6 лажици масло

Подготовка

Подготовка:

1.На оган се става да зовријат водата, ванилата, шеќерот, маргаринот. Постојано се меша додека се стопат состојките, па нека вријат 3-5 мин., на умерен оган.
2.Во длабок сад се мешаат бисквитите и оревите, па се полеваат со врелата течност. Се добро се меша.
3.Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се додава чоколадото, убаво се изедначува, а другиот останува како што е.
4.Во соодветен сад, кој претходно сме го намачкале со масло, ја расплескуваме темната смеса, па врз неа светлата.
5.За глазурата над пареа ги соединуваме состојките и излеваме врз колачот. Го оставаме да се излади, најдобро преку ноќ, па го сечиме со врел нож-поминат значи под млаз врела вода и избришан.

Забелешка
Откако ќе ги направам смесите, ги оставам да оладат, па премесувам добро со рака, за убаво да се впие маргаринот-путерот, па дури тогаш ги редам, т.е. го обликувам колачот. И овие колачи најдобро е откако се исечат да се сушат 2-3 дена на ладно, не во фрижидер пред служење.
На здравје сладење!