Испечати

Какао - банана смути (за обновување на енергијата и за подигнување на расположението)

Какао - банана смути (за обновување на енергијата и за подигнување на расположението)

Состојки

  • 1 Банана
  • 3 Урми (свежи)
  • 150 мл Бадемово млеко
  • 5-6 зрна Органско Какао во зрно
  • 1/2 м.л. Органски Цејлонски Цимет
  • нек. коцки Мраз

Подготовка

Доколку некогаш се чувствувате лошо расположени и без енергија, во тој момент ви треба нешто лесно, едноставно, хранливо, а пред се превкусно, природно засладено и здраво смути за обновување на енергијата.

Подготовка

1. Во чашката од блендерот ги ставаме наведените состојки и блендираме до хомогенизирање.
2. Послужуваме веднаш и уживаме во неодоливиот вкус на ова смути. Јас одозгора наросив малку цимет и какао зрно исецкано на мали парчиња.

Забелешка - Овојпат користев свежа банана, некогаш користам замрзната банана, и во тој случај не додавам мраз.

На здравје!