Печење од ролован свински врат
Состојки
- 1кгр обескостен свински врат, свежо и не маринирано месо
- За маринада
- 1лажиче сенф со пиво и мед
- 1лажиче мешавина на зачини ,Односно оригано, копар, ким, кумин,јенибар... Зачини кои ви ги сакате
- Сол, бибер, масло
- За полнење
- 4 големи јајца
- Сол, бибер
- 4 брикети исцеден спанаќ
- 50гр рендан кашкавал
- 250-300гр чаден колбас
- За прилог млади компири и млади бамји
Подготовка
Вкусен и со убав изглед беше нашиот денешен ручек. Пробајте го
Подготовка:
1. Прво парчето свински врат со помош на оштар нож го отвараме, односно го рашируваме. Врз него ставаме прозирна фолија и со чук го рашируваме. Прво го премачкуваме со сенфот. Потоа ставаме зачини. Јас користев грчка мешавина на зачини. Додаваме сол, бибер... Го завиткуваме во ролат, па во фолија. Така подготвен го оставаме во фрижидер да се маринира цела ноќ.
2. Сега во тава со неколку капки масло ги пржиме изматените јајца, во кои има додадено сол, бибер, исцеден спанаќ. Го одролуваме парчето месо, го поставуваме испржениот омлет, па рендаме кашкавал, па го ставаме на почеток чадениот колбас. Убаво виткаме ролат. Го поставуваме на алу фолија и го завиткуваме. Може да се користи и кујнски конец или мрежа.
3. Го поставуваме во тава и ставаме 100 мл вода. Го ставаме во рерна и печиме околу 2 часа на тивко на 150 степени.
4. Потоа внимателно ја отстрануваме фолијата, го враќаме ролатот во тавата, околу редиме зачинети половинки компир и ситна бамја. Печиме на тивко уште еден час. Сечиме на парчиња, сервираме и послужуваме.
На здравје убавинава.