Коцки со смокви и урми
Состојки
- 100 гр суви смокви
- 100 гр урми
- 70 гр несолени кикиритки
- 30 гр кокосови трошки
- 4 лажици сок од портокал
- 2 лажици какао
- 1 лажиче екстракт од ванила
Подготовка
Брз и едноставен десерт
Подготовка:
1. Сите состојки ги ставаме во блендер. Блендираме.
2. Смесата ја ставаме во калап обложен со хартија за печење со димензии 20х20. Смесата ја натапкуваме и оставаме да се стегне 1 час. Декорираме со стопено темно чоколадо со 70% какао.