Торта со мармалад од јагоди и кокос
Состојки
- 260гр. брашно
- 150гр. цврст јогурт од ванила
- 120мл. масло
- 100гр. шеќер
- 3 јајца
- 15гр. пециво
- 1 ванила
- по потреба мармалад од јагоди
- по потреба кокос
- прстофат сол
Подготовка
Подготовка
1. Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот, ванилата и прстофат сол. Изматете ги убаво. Намалете го миксерот на најмала брзина и со постојано матење додавајте го, во млаз, маслото, а потоа и јогуртот. На крај додајте ги просеаното брашно и пецивото. Измешајте убаво со жица за матење.
2. Во праволаголен плех (премачкан со масло и набрашнет) истурете половина од изматената смеса. Одозгора нанесете мармалад и со вилушка распоредете го по целата површина. Посипете со кокос.
Нанесете ја и другата половина од смесата, пак мармалад распореден со вилушка и кокос.
3. Печете на 180 степени, 30 минути.
*Забелешка - Доколку не најдете цврст јогурт од ванила, може да го замените со обичен цврст јогурт.