Кикирики бајадера
Состојки
- 180 мл. вода
- 180 гр. шеќер
- 2 ванили
- 75 гр. маргарин
- 200 гр. блендирани кикири, несолени
- 250 гр. мелени бисквити
- 80 гр. црно чоколадо за готвење
- 100 гр. бело чоколадо-петлици или млечно
- За глазура
- 120 гр. црно чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка
Вкусни колачиња на кои наидов на нет, топло ви ги препорачувам.
Подготовка:
1.Водата, шеќерот, ванилата и маргаринот, со постојано мешање, се топат и зовриваат на оган околу 3. Потоа се трга од оган, се додаваат кикирите и 200 гр. мелени бисквити. Откако убаво ќе се изедначи смесата се дели на два дела.
2.Во едниот дел се додава 80 гр. рендано црно чоколадо, а во другиот дел 50те грама мелени бисквити.
3.Во соодветен сад се става хартија за печење, па се нанесува светлиот дел, убаво со тапкање како кога формираме подлога за чиз кејк.
4.Белото чоколадо се топи и се излева врз смесата.Се става во длабоко замрзнување 10 на мин., да се стегни, па се нанесува темниот дел. Ако тој случајно се олади, можи да се загрее или измеси со рака, па убаво да се израмни врз белото чоколадо.Само водиме сметка да не е топло кога го ставаме врз чоколадото. Одозгора се полева со глазурата од растопеното чоколадо со масло (над пареа).
5.Оставаме убаво да се здрви чоколадата и стегни колачот, најдобро преку ноќ, па сечиме со врел нож (ножот го поминуваме под млаз врела вода и бришиме со хартија).
*Колачињата на фотографиите се оросени, бидејќи ми се извадени од фрижидер.