Испечати

Штрудлички со мармалад

Штрудлички со мармалад

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 200 гр кисело млеко
  • 1 ќесе ванилин шеќер
  • 600 гр брашно
  • 5 гр пециво
  • околу 400 гр цврст мармалад (овде од аронија)
  • околу 50на гр шеќер во прав

Подготовка

Скоро беше верски празник кој го празнувавме во истоимената црква која после децении веќе втора година не е тивка и осамена. За припомош на домаќинот на денот решив да спремам десерти. Едни од нив беа овие штрудлички кои ги однесов први вечерта пред денот. Но, како и секогаш кога сакаш нештото да го направиш најдобро, нешто ќе те „сопни“. На сред виткање ми текна дека пециво сум изумила да ставам. Нејсе... ги испеков така, ги пробав и одлучив дека не е некој голем хнедикеп да ги однесам такви. Од неколку врсти на колачи овие беа најфалените колку вкусни им биле )))

Подготовка
1. Измесете со рацете (со ракавица) или изматете ги со миксер маргаринот, ванилата и киселото млеко.
Потоа додадете ги брашното и пецивото и замесете мазно тесто.

2. Тестото го расукуваме на набрашнета површина со димензии 40х40 и сечиме 6 надолжни ленти.

3. Во средината на секоја лента ставаме некој густ мармалад (по отприлика 2-3 полни лажички).

4. Страниците покрај мармаладот ги спојуваме и потоа ги сплескуваме, израмнуваме, па сечиме парчиња со должина отприлика на 3 прсти или по желба. Ги редиме во плех и ги печиме на 200С отприлика 20 минути.

5. Печените штрудлички ги валкаме во шеќер во прав.