Крцкави колачи
Состојки
- 50 гр киноа
- 50 гр сончоглед
- 70 гр сусам
- 30 гр брусница
- 30 гр суво грозје
- 200 гр темно чоколадо со 70 % какао
- 2 лажици кокосово масло
Подготовка
Брз и вкусен десерт, кој го снема за час.
Подготовка:
1.Во суво тавче на оган, на средна температура, ја ставаме киноата да се потпече, додека не добие златеста боја. Повремено мешаме, внимавајќи да не ја изгориме. Киноата ја ставаме во длабок сад.
2. Во истото суво тавче ги ставаме сусамот и сончогледот, ги потпекуваме додека не добијат златеста боја. Ги ставаме во сецко и кратко ги сецкаме. Ги додаваме во садот со киноата. Сувото грозје и брусницата ги сечиме на половинки и ги додаваме во садот со семињата. Промешуваме.
3. Чоколадото заедно со кокосовото масло ги топиме на пареа. Стопеното чоколадо го додаваме во смесата, мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во хартиени корпи или во правоаголен сад обложен со хартија за печење и ставаме во фрижидер да се стегне. Пред сечење оставаме на собна температура 10тина минути , па сечиме коцки во големина по желба.