Испечати

Ванила гриз-пудинг коцки

Ванила гриз-пудинг коцки

Состојки

  • 3 г.л. (45гр) Гриз
  • 100 мл Вода
  • 1 Пудинг (од ванила)
  • 100 мл Млеко
  • 7 г.л. (110 гр) Шеќер
  • 2 Ванили
  • 300 мл Млеко
  • по потреба Кокос

Подготовка

Се прави букално за најмногу 10 минути, со едноставни состојки ќе добиете вкусен и лесен десерт.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме водата (100мл) и гризот, промешуваме убаво.
2. Во друг длабок сад ги ставаме млекото (100мл) и пудингот, промешуваме се додека целосно да се раствори пудингот, па ги додаваме шеќерот и ванилите, пак промешуваме.
3. Во тенџере на оган го ставаме млекото (300мл) нека зоврие, па ја намалуваме температурата. Сега го додаваме гризот, мешајќи со рачна маталка, непрекинато 2 минути.
4. Потоа го додаваме растворениот пудинг, во тенок млаз, истовремено мешајќи со рачната маталка. Готвиме уште 2-3 минути најмногу.
5. Готовиот гриз-пудинг го ставаме веднаш во сад со соодветна големина, обложен со стреч фолија, намрсена и обилно посипана на дното и од страните, со кокос. И одозгора ставаме кокос насекаде.
6. Оставаме во фрижидер да се стегне, па садот го превртуваме врз даска за сечење. Ја тргаме стреч фолијата, и со остар нож сечеме парчиња во форма и големина по желба. Исечените парчиња ги увалуваме и од страните во кокос. Послужуваме веднаш.

Забелешка - Доколку имате желба пудингот од ванила, може да го замените со друг пудинг со вкус, по ваша желба. Исто така, доколку сакате поблаг десерт, додадете повеќе шеќер или кога ќе ги увалувате коцките во кокос, додајте кај кокосот и шеќер во прав, јас не додадов.

На здравје!