Мини Сникерс Тарт (без печење)
Состојки
- 300 гр Кикиритки мелени (печени, несолени)
- околу 5-7 м.л. Мед
- 150 гр Темно чоколадо (со висок процент на какао)
- 100 мл Хопла (без шеќер) јас користев Халта
Подготовка
Фантазија за љубителите на сникерс, вистинско уживање. Ги направив според мој вкус и избор на состојките, а подготовката е лесна и брза.
Подготовка
1. Кикиритките ги мелеме во електричен сецко и ги ставаме во длабок сад (тргаме од нив 2 г.л. за наросување одозгора).
2. Кај мелените кикиритки го додаваме медот, постепено лажица по лажица, се до добивање на компактна смеса. Соединуваме со лажица, но подобро е со рака.
3. Во калапчињата за мини тарт, прво ставаме стреч фолија, па потоа смесата ја распоредуваме подеднакво, рамниме со намрсена лажица или со намрсени раце. Од страните оставаме од смесата малку повисоко.
4. Во сад на пареа ги ставаме чоколадото и хоплата, соединуваме до хомогенизирање, без да зоврие смесата. Ганаж смесата ја распоредуваме во калапчињата, па одозгора ставаме од кикиритките што ги тргнавме настрана.
5. Оставаме во обичен фрижидер да се стегне смесата (околу 1-2 часа), па ги оставаме калапчињата на собна температура 5 минути и сечеме парчиња по желба.
Забелешка - Овие состојки се за 4 мини тарт со дијаметар од 10 цм.
На здравје!