Ролат со мак и козињак
Состојки
- 1200 гр брашно
- 50 гр свеж квасец
- 1 пециво
- 1 шоља шеќер
- 1 шоља масло
- 4 јајца
- прстофат сол
- кора од 1 лимон
- 2 ванила
- 70 гр мек маргарин
- 200 гр суво грозје
- околу 300 мл топло млеко
- фил
- 300 гр мелен мак
- 200 гр шеќер
- 150 мл жешко млеко
Подготовка
Превкусен козињак-ролат кој е мек како памук, со конци и мислам дека нема повеќе да барам друг рецепт. Од ова тесто може да се направи и ролат со мак со ореви со мармалад.
Подготовка:
1). Најпрво се активира квасецот со малку брашно млеко и шеќер. Сувото грозје се накиснува со рум.
2). Во друг сад се ставаат брашното, пецивото, шеќерот, маслото, солта, ванилите и 4 јајца, кои се изматени со вилушка. Е сега овде постепено се додава топло млеко и се замесува помеко тесто.Тестото убаво се меси околу 15мин. Се остава на топло да стасува 1 час.
3). Потоа уште еднаш се премесува и се остава кисне 30мин.
4). Тестото се дели на 4 дела. Од двата дела направив ролат со мак, а другите две теста им ставив суво грозје секое го поделив на 3 топчиња и направив 2 плетенки. Се оставаат да киснат 90мин. Одозгора се премачкуваат со јајце и шеќер. Се печи на 200С-10мин да добие боја, а потоа се става хартија за печење и се намалува на 180 С. Се допекува уште 40мин.
На здравје!