Испечати

Двобоен ролат

Двобоен ролат

Состојки

  • 300мл вода/млеко
  • 600гр шеќер
  • 1 и 1/2коцка маргарин/ путер, односно 250+125гр
  • 100гр кокос
  • 200гр мелени ореви
  • 400гр мелени бисквити
  • 2,3 лажици какао
  • 5 листа обланди

Подготовка

Богат и вкусен десерт е мојот денешен предлог. Може да се подготви во мрсна и во посна варијанта, според потребите. Излегуваат 120,130 парчиња од оваа доза.

Подготовка:

1. На тивок оган се ставаат да се соединат водата и шеќерот. Потоа се додава маргарин или путер, се меша да се растопи, убаво да се соединат состојките. Се трга од оган и се остава малку да се излади.
Се ставаат мелени ореви, бисквити и кокос. Се соединува убаво.
2. Смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се става какао и убаво се промешува. Сега секој лист обланда се става меѓу 2 влажни крпи. Од кога се убаво омекнати се филуваат. На два листа нанесуваме од белиот дел и убаво израмнуваме. На другите 2 листа нанесуваме од темниот дел и убаво израмнуваме.
3. На даска за колачи го ставаме првиот лист обланда со белиот дел, а врз него внимателно го ставаме листот обланда со темниот фил. Така заедно ги завиткуваме во ролат. Постапката е иста и со другите 2 кори.
4. А 5 лист обланда го сечиме на половина. На едната половина, ставаме бел фил а на другата црн фил.
И нив ги викаме во ролат. Значи ќе добиеме 2 и пол ролати, кои ги оставаме на собна температура да се изладат. Од кога ќе се просушат и обландите ги сечиме на парчиња и ги редиме во кутии за храна.
Може да се замрзнат. Ако ви треба помала количина состојките само преполовете ги.
На здравје вкусотијава.