Испечати

Протеински леб без брашно (од црвена леќа)

Протеински леб без брашно (од црвена леќа)

Состојки

  • 1 чаша (од 250мл) или 215 гр Црвена леќа
  • 2 чаши (од 250 мл) Топла вода
  • 2 Јајца (М)
  • 80 гр Путер (на собна температура)
  • 4 г.л. Јогурт
  • 1 Пециво
  • 1/2 м.л. Сол (или по вкус)

Подготовка

Ако сакате да направите здрава варијанта на леб без брашно, а истовремено богат со протеини, ова е идеалниот рецепт за тоа. Кај нас традиционално леќата е присутна како вариво, но знаејќи дека оваа мешунка е особено богата со протеини (содржи дури 25 проценти протеини), растителни влакна, железо, цинк, магнезиум, добро е да се конзумира и на други начини - како леб, како намаз, како растителни плескавици, како додаток во салати и слично.

Подготовка

1. Подготовката најдобро е да биде од вечер. Леќата (претходно добро измиена) ја ставаме во подлабок сад со топлата вода. Нека отстои така цела ноќ, околу 12 часа.
2. Наредниот ден леќата ја процедуваме и ја ставаме во блендерот. Ги додаваме и останатите наведени состојки. Блендираме до хомогенизирање.
3. Добиената смеса ја ставаме во калап (кај мене со димензии околу 20цмх10цм) намрсен со путер и убаво обложен со сусам од сите страни. И одозгора ставаме сусам (јас ставив мешавина од бел и црн сусам).
4. Печеме во загреана рерна на 200 степени (околку 1 час). Проверуваме со чачкалица кога е испечен лебот. Времетраењето може да е пократко или подолго од наведеното во зависност од димензиите на калапот. Нека олади врз решетка, па сечеме парчиња.

На здравје!