Кекси со банана и овесни снегулки
Состојки
- 200гр овесни снегулки
- 4 банани
- 200мл вода
Подготовка
Подготовка:
1. Овесните снегулки ставете ги во длабок сад, Попарете ги со врела вода и оставете ги да постојат 15 минути.
2. Бананите испасирајте ги убаво, па потоа помешајте ги заедно со овесните снегулки. Соединете ја смесата. Со лажица ставајте на хартија за печење и формирајте колачиња.
3. Печете на 180 на степени. Штом заруменат, вадете од рерна и оставете да одморат. Полека извадете ги од хартијата, па подредете ги во кутија каде ќе ги чувате.
Нека ви се на здравје,