Испечати

Вишнов куглоф

Вишнов куглоф

Состојки

  • 4 јајца
  • 150 г шеќер
  • 70 г растопен путер
  • 150 мл густ јогурт
  • 12-14 лажици брашно
  • 2 лажички ванилин екстракт
  • 1 пециво
  • 400 г вишни измешани со малку шеќер во прав и 1-2 лажици гриз
  • шеќер во прав за одозгора

Подготовка

Едноставен куглоф рецепт, моја омилена комбинација со вишни, ванила и шеќер во прав. Го направив и подарив за Велигден, така што не ми е сликан многу. Но прекрасен е, сочен, се топи в уста.

Подготовка:

1. Изматете ги јајцата со шеќерот и постепено додадете ги путерот, јогуртот, ванилата. Потоа додавајте една по една лажица брашно и мешајте со дрвена лажица. Кога ќе стигнете до 12тата ќе процените дали има потреба од уште малку брашно. Додадете го и пецивото и измешајте.
2. Вишните измешајте ги со малку шеќер во прав и 1-2 лажици гриз. Потоа во намастен куглоф, наредете неколку вишни, па ставете од филот. Ставете некоја вишна, па пак од филот и така до крај.
Ставете да се печи околу половина час на 180 степени. Откако ќе се излади, извадете го од калапот и наросете шеќер во прав.
На здравје.