Крем салата со варени јајца
Состојки
- 5 Тврдо варени јајца (ситно рендани)
- 5 или 1 страк Млади кромитчиња или Праз (ситно сецкани)
- 5 г.л. Мајонез
- 2,5 м.л. Сенф
- по вкус Сол
- по вкус Црн бибер
- по вкус Сок од лимон
Подготовка
Поразлична од сите други, одлична, необична кремаста салата со варени јајца, многу лесно се прави, и навистина вреди да се проба. Освен како мезе, може да се послужи и за предјадење, како намаз, за во сендвичи или некоја солена торта. Во овој период мислам дека на многумина од вас ќе им се најде овој рецепт, па се надевм дека ќе ја направите оваа салата и ќе уживате во нејзиниот вкус како и ние.
Подготовка
1. Јајцата ги лупиме и ги рендаме на ситната страна од рендето. Ги ставаме во длабок сад.
2. Младите кромитчиња ги сецкаме што е можно поситно (само белиот и светлозелениот дел). Ги додаваме кај ренданите јајца. Ги додаваме мајонезот и сенфот. Мешаме да се хомогенизираат состојките. Посолуваме по вкус и зачинуваме со црн бибер. Додаваме и сок од лимон во количина по вкус. Најдобро е оваа салата да се послужи добро оладена.
Забелешка - Во оваа салата специфично е што се користи многу црн бибер, но сепак неговата количина прилагодете ја по ваш вкус. Исто така, за појак и поинтезивен вкус на оваа салата, подобро е да се користи праз (1 страк), но ако сакате поблаг вкус употребете млад кромид.
На здравје!