Плетена козињак погача - постапка
Состојки
- 1кг брашно
- 2паковки сув квасец
- 230гр шеќер
- 4 јајца
- 80мл путер
- 80мл зејтин
- 250мл млеко
- 2 паковки 200гр суво овошје (портокал и лимон )
Подготовка
Еден предлог за плетење на погачата. Ова беше козињак кој го спремив за овој Велигден.
Има многу начини и секој си прави на свој, но еве да ви го прикажам и мојот начин.
Подготовка:
1. Квасецот се промешува со млекото и се остава малку да надојде.
2. Во длабок сад ставете го брашното и додајте ги разматените јајца со шеќерот. Додадете го топлото млеко со квасецот, растопениот путер и маслото, па полека замесете убаво меко тесто. Покријте со најлонска фолија и оставете да надојде тестото.
3. Штом е готово префрлете го тестото на работната маса и разделете го на 4 дела. Се гледа на сликите. Кандираните овошја истурете ги на работната маса, помешајте ги и разделете ги на 4 еднакви купчиња.
Земете едно парче од тестото, па ставете го врз едното купче овошје. Месете да навлезе секаде од овошјето. Постапката повторете ја со сите 4.
4. Ставете ги едно врз друго преклопени како на сликите доле и плетете. Едно парче врз друго преклопено. Откако ќе ја завршите постапката на плетење, префрлете нежно на намастен плех. Јас користам еден стар плех, кој не ми лепи, но сепак го премачкав со путер. Оставив да стаса, а потоа печев во загреана рерна.
Не можам да ви објаснувам со пишано да не ве збунам, затоа убаво видете ги сликите и се ќе ви е јасно како оди постапката. Затоа овој рецепт е поставен како идеја и декорација.
На здравје.