Брза лисната пита
Состојки
- 500 гр лиснато тесто
- 1оо гр крем сирење
- 12-13 ленти јунешко чадено месо
- малку свежи лисја спанаќ
- 100 гр кашкавал
- јајце за премачкување
Подготовка
Многу брзо се подготвува, а крајниот резултат е феноменален. Идеално предјадење за празнична трпеза.
1. Лиснатото тесто само малку расучете го и во должина и во ширина.
2. По средината размачкајте го крем сирењето. Над него ставете го месото, па свежите лисја од спанаќ и одозгора ренданиот кашкавал.
3. Тестото околу филот исечете го на коси ленти. Горниот и долниот дел ставете го преку филот. Секоја лента прво малку свиткајте ја и префрлете ја врз филот. одете по ред од лево, па од десно, како плетенка. одозгора премачкајте ја со јајце.
4. Печете во загреана рерна на 200 степени се додека убаво не зарумени.