Испечати

Велигденска лисната погача

Велигденска лисната погача

Состојки

  • 670 гр брашно
  • 2 јајца
  • 1 1/2 лажиче сол
  • 100мл јогурт
  • 200мл млеко
  • 50мл зејтин
  • 8 грама квасец
  • 1лажиче шеќер
  • 200гр маргарин
  • 50гр афион
  • 1 јајце

Подготовка

Предлог за празничната погача. Јас се одлучив за ова, а вие одлучете сами.

Подготовка:

1. Брашното го сееме и го посолуваме. Во млакото млеко го додаваме шеќерот и квасецот. Оставаме да надојде. Кога е стасан квасецот го додаваме во брашното. Во садот одат и јајцата, јогуртот, па замесуваме убаво меко тесто. Оставаме да нарасне.

2. Кога е готово тестото го размесуваме на работната маса и го делиме на 12 еднакви парчиња. Едно по едно, ги развлекуваме, сукаме, па ги премачкуваме сите со растопен маргарин. Ги редиме како на сликата, пола врз пола коричка, за да добиеме ланец од кори. Кога се сите спремни полека со рака ја собираме погачата во ролат ,а потоа тој ролат го виткаме како полжав. Го префрламе во калап и оставаме пак да стаса.

3. Откако е готов нарастен, го премачкуваме со јајце и по краевите каде е споен полжавот наросуваме афион. Печеме во загреана рерна, а потоа намалуваме температурата да си се испече убавко. Погачата е мека како памукче. Преубава и превкусна. Кога е готова извадете ja од рерна, попрскајте ja малку водичка и покријте ја со кујнска крпа, нека одмори некоја минута. Ако сакате премачкајте и со путер ама нема потреба секако е мека. Мојот избор за оваа година е оваа погача, а вашиот ? На здравје и среќни празници.