Палачинки
Состојки
- 300гр брашно
- 250мл млеко
- 250мл вода
- 1лажица зејтин
- 1/3лажиче сол
- 1лажиче шеќер
Подготовка
Го пишувам рецептот зашто е лесен и испаѓа точно, без да лепи и да се тутка тестото. Погоден е за почетници кои сакаат да се пробаат во кујната.
1. Битно е да ги соберете сите состојки, па ги ставате во еден стаклен сад и ги мешате со рачна маталка. Смесата треба да е ни густа, ни течна. Ако ги печете палачинките на тава за палачинки, тогаш подмачкајте ја со малку масло. Ако правите на апаратот, не ни морате да користите масло.
2. Јас ги спремав на апаратот за палачинки, па не користев масло и ги распослав на цела површина. Се печат подеднакво на двете страни. Користев мармалад за премачкување. На здравја да ви се.