Испечати

Перничиња од сланина и фил

Перничиња од сланина и фил

Состојки

  • 16 ленти чадена сланина
  • Фил
  • 1 сварен компир
  • 1/2 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажица брашно
  • 100 гр рендан кашкавал
  • зачини- сув зачин, бибер, лук во прав

Подготовка

1. Кромидот кратко запржете го на малку масло и додајте го исечканиот сварен компир. Зачинете по вкус.
2. Кога ќе се излади додајте го јајцето и брашното, измешајте и формирајте четири топчиња.
3. Вкрстете 4 ленти сланина, две по две. На средина ставете го топчето фил и префрлете ги лентите, да се оформи перниче.
4. Тавата малу намрсете ја и ставете ги пакетчињата со преклопената страна долу. Пржете по неколку минути од двете страни.
На здравје! Убаво и вкусно предјадење.