Испечати

Мини Солени Еклери

Мини Солени Еклери

Состојки

  • 250 мл Млеко
  • 80 гр Путер (маргарин)
  • 1 м.л. Сол
  • 160 гр Брашно
  • 3 Јајца (Л)
  • 120 гр Урда
  • Плус - 1 жолчка за премачкување + 1м.л. млеко.
  • За наросување - црн и бел сусам.

Подготовка

Деликатес за секакви прослави, одлични за мезе, декоративни мини еклери кои одлично се вклопуваат во празничната трпеза за било кој повод. Јас одлучив да им додадам во смесата урда, па затоа според мене превкусни се и празни, но доколку се решите може и да ги наполните со солен фил по ваш избор.

Подготовка

1. Во касерола ги ставаме млекото, путерот и солта. Нека зовријат, и веднаш го додаваме брашното, мешаме енергично цело време се додека не се одлепи смесата целосно од садот и се формира како топка.
2. Тргаме настрана, мешаме за побргу да олади тестото, кога ќе биде млако, ги додаваме јајцата (едно по едно). Кога целосно ќе се хомогенизира првото јајце во тестото, го додаваме второто итн. Овој чекор може да се направи и со рачно мешање, ама полесно е со миксер. На крај ја додаваме урдата, соединуваме со миксирање.
3. Добиената смеса се става во готварски шприц, и ги формираме еклерчињата во тава за печење (врз мрсна хартија). Одозгора ги премачкуваме со жолчката и наросуваме сусам. Печеме во загреана рерна на 180 степени, до заруменување. Откако ќе се испечат, веднаш ги вадиме од рерната.
4. Нека оладат, па ги послужуваме. Доколку се одлучите да ги наполните со фил, направете им мало дупче со остар нож, и наполнете ги со солен фил по ваш вкус.

Забелешка - За време на печењето, вратата од рерната да не се отвара воопшто.

На здравје!