Испечати

Благи зајачиња

Благи зајачиња

Состојки

  • 500 гр. просеано бело брашно
  • 1/2 пресен квасец
  • прстофат сол
  • 100 гр. шеќер
  • 100 мл. масло
  • 1 кафено лажиче мед
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1 ванила
  • 1 кафено лажиче цимет
  • од 1 портокал рендана кора
  • од 1 лимон рендана кора
  • по потреба топло млеко за да се замеси средно меко тесто
  • За премачкување
  • 1 белка и 1 јајце
  • малку сусам

Подготовка

Декоративни, мирисни и вкусни зајачиња.

Подготовка:

1.Се замесува средно меко тесто од наведените состојки.Убаво се изработува, да биде мазно, сјајно тестото. Се остава на топло место, покриено, да го дуплира волуменот.
2.Потоа се дели на 8 дела.Од секој дел се прави ваљак, сите да бидат со иста должина.Од сите се отсекува по малку, од кој се формира топчето за в средина.Се уочува на дополнителните фотографии. Секој ваљак се обликува, со два пати усучување, а во основата празнина каде се става топчето. Видете на фотографијата.
3.Се премачкуваат со разматеното јајце и белката, се посипуваат со сусам и се оставаат да стасаат 30 мин.
4.Се печат во загреана рерна на 200 додека убаво поруменат.
На здравје!