Испечати

Канапеи со урнебес и пилешко месо

Канапеи со урнебес и пилешко месо

Состојки

  • 4, 5 парчиња вчерашен леб
  • Парче фолија
  • За урнебес
  • 150-180гр младо сирење
  • 40гр путер
  • 3, 4 лажици лут ајвар
  • За пилешка паштета
  • 150гр пилешки стек од печено пиле, или пржено бело месо
  • 2лажици мајонез
  • 1лажица кисела павлака
  • Зачини по вкус
  • За декорација
  • Ротквичка, маслинка, перца од кромид

Подготовка

Вкусно, ладно предјадење за Вашата празнична трпеза е мојот денешен предлог.

Подготовка:

1. Прво го подготвуваме урнебесот. Во длабок сад ги ставаме растопениот путер, младото сирење и ајварот. Соединуваме 1,2 минути со миксер. Оставаме во фрижидер, да се спојат вкусовите околу 1 час.
2. Сега ја подготвуваме пилешката паштета. Користев пилешки стек од печено пиле кое си беше убаво зачинето. Во чашата на нутрибулет го сецкаме. Тука додаваме мајонез и павлака. Може да се додаде лукче, капари, младо кромидче, кари. Убаво со лажица соединуваме. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите.
3. Сега парчињата леб ги сечиме на парчиња, може коцки, правоаголни. По желба може да ги истриеме со чешне лук за арома. На умерен оган на рингла ставаме фолија. Ги ставаме парчињата леб и ги запекуваме од двете страни. На секое парченце ставаме убаво од урнебесот. Потоа ставаме по едно лажиче од пилешката паштета. Декорираме со ротквичка, магдонос, младо кромитче
Сервираме вкусни и Декоративни канапеи.