Испечати

Пакетчиња од тиквичка и моцарела

Пакетчиња од тиквичка и моцарела

Состојки

  • 1 средна тиквичка
  • 125гр моцарела
  • Сол, Зачини по вкус, оригано, мајчина душичка..
  • За поховање
  • 2 јајца
  • брашно
  • Презла и сусам
  • Масло за пржење

Подготовка

Предлог за вкусно, декоративно предјадење е мојот денешен рецепт.

Подготовка:

1. Прво измиената тиквичка со помош на алатка ја сечиме на многу танки ленти. Ги редиме врз хартиени салфетки. Ќе добиеме од 10 до 12 ленти, значи за 5 или 6 пакетчиња. Моцарелата ја сечиме на 5 или 6 парчиња.
2. Сега земаме 2 ленти тиквичка. Ги поставуваме вкрстени. Во средината ставаме парче моцарела и зачини по вкус. Формираме пакетче со преклопување на лентите. Ги прицврстуваме со чепкалки за да не се отворат. Вака подготвени нека отстојат 5 минути врз хартиени салфетки.
3. Сега прво ги обложуваме во брашно, па во јајце и соединети презла и сусам. Ги пржиме на умерен оган од двете страни да заруменат. Ги редиме на хартиени салфетки. Сервираме вкусно, топло предјадење.