Испечати

Мека eдноставна погача (со урда)

Мека eдноставна погача (со урда)

Состојки

  • 250 мл Вода (топла)
  • 250 мл Млеко (топло)
  • 1 Квасец
  • 1 м.л. Шеќер
  • 2 м.л. Сол
  • 3 г.л. Масло
  • 1 Белка
  • околу 1 кг Брашно (просеано)
  • За премачкување на корите
  • 150 гр Путер (маргарин)
  • 100 мл Масло
  • Плус - 300-400 гр Урда (или сирење)
  • За премачкување - 1 жолчка и 1 м.л. млеко
  • За посипување - сусам и ленено семе

Подготовка

Оваа погача е брза и едноставна за правење, а превкусна за јадење. Може да ја направите со фил по ваш избор (праз, сирење, урда, мелено месо и сл).

Подготовка

1. Во сад за месење ги ставаме сите наведени состојки, од кои брашното го додаваме на крај до замесување на меко, мазно тесто кое не лепи. Замесеното тесто нека стаса, па го делиме на 4 исти делови (секој дел тежи одприлика околу 400 гр).
2. Од секој дел со сукало расукуваме кора, сите ги премачкуваме убаво, насекаде со растопениот путер (маргарин) заедно со маслото со помош на силиконска четка, па ставаме насекаде врз кората од сирењето (урдата).
3. Корите ги редиме една врз друга, па секоја поединечно почнувајќи од најгорната ги преклопуваме кон средината (како плико) од левата страна кон десната, премачкуваме од мрсното, па од десната страна кон левата, пак премачкуваме од мрсното, па од останатите две страни се повторува истата постапка.
Така продолжуваме се до последната кора (најдолната) и така добиеното тесто го префрламе во плех врз мрсна хартија за печење.
4. Со помош на рацете убаво се расплескува тестото се додека се распореди рамномерно во плехот. Премачкуваме и одозгора од мрсното и покриваме со крпа. Ја оставаме погачата околу пола час да стаса. Потоа површински, со остар нож, засекуваме ленти, премачкуваме со жолчката и наросуваме сусам и ленено семе.
5. Печеме во загреана рерна на 180 степени, до заруменување. Печената погача ја покриваме со крпа, нека олади 15-на минути, па послужуваме.

На здравје!