Домашен пудинг (од банана и урми)
Состојки
- 5 Урми (суви)
- 80 мл Врела Вода
- 1 Банана
- 2чаши (480мл) Млеко
- 30 гр Нишесте
- 30-40 гр Шеќер
Подготовка
Засладете се со домашно приготвен пудинг, овојпат во комбинација на банана и урми.
Подготовка
1. Во сад ги ставаме урмите (ситно исецкани) и им ја додаваме врелата вода. Ги оставаме така 15 минути.
2. Потоа во чашата од блендерот ја ставаме бананата (исецкана на кругчиња) и урмите со се водата. Блендираме до добиваме на глатка, мазна кашеста смеса без грутчиња.
3. Оваа смеса ја префрламе во касерола, го додаваме шеќерот и претходно раствореното нишесте во млекото (тоа може да се додаде сега и преку цедалка за да бидете сугурни дека ќе нема грутчиња).
- Соединуваме убаво и оваа смеса ја доведуваме до точка на вриење со постојано мешање со рачна маталка. Го вариме неколку минути пудингот до згуснување, како класичниот пудинг.
4. Готовиот пудинг го ставаме во чаши или чинии,покриваме со стреч фолија и го оставаме да излади. Изладениот пудинг може да се декорира со чоколадни мрвици, кокос, шлаг, сецкани јаткасти плодови.
Забелешка - Ако користите позрела, односно поблага банана, тогаш намалете го шеќерот на 20 гр.
На здравје!