Испечати

Сочна пилешка тава со шампињони (со бешамел сос)

Сочна пилешка тава со шампињони (со бешамел сос)

Состојки

  • 4 (500 гр) Копани
  • 300 гр Пилешки стек
  • 500 гр Свежи печурки (шампињони)
  • 200 гр Кисела Павлака
  • 150 + 50 гр Кашкавал (рендан на ситната страна од рендето)
  • 1 главица Кромид
  • 50 гр Путер
  • 2 г.л. (30 гр) Брашно
  • 300 мл Млеко
  • 2 г.л. Доматно Пире
  • 2 м.л. Оригано
  • по вкус сол, црн бибер, мешан зачин
  • малку Масло (за пржење на кромидот)

Подготовка

Оваа пилешка тава содржи сочни парчиња пилешко месо, во комбинација со богат сос, фантастичен превкусен ручек за вас и вашите најмили.

Подготовка

1. Копаните и стекот ги вариме во посолена вода (околу 1 час). Потоа месото го кинеме со помош на вилушка на поголеми парчиња.
2. Подготовка на бешамел сос - Во касерола на умерена температура го загреваме путерот, па го додаваме брашното, пржиме со мешање 1-2 минути. Сега го додаваме постепено млекото и притоа мешаме постојано со рачна маталка, за да не ни се направат грутчиња. Додаваме сол по вкус, црн бибер и мускатно оревче. Овој сос го готвиме околу 10-на минути до посакуваната густина, и притоа цело време мешаме со рачна маталка. Тргаме настрана.
3. Во тава со загреано масло го пржиме ситно сецканиот кромид до омекнување, па ги додаваме шампињоните (јас ги лупам и тенко ги сецкам, не ги мијам бидејќи ќе впијат вода). Пржиме додека да испари течноста која ќе ја испуштат. Посолуваме, додаваме црн бибер и мешан зачин. Сега го додаваме и доматното пире и 1 м.л. оригано. Ги додаваме и парчињата пилешко месо и 3 г.л. од бешамел сосот. Мешаме до соединување и тргаме настрана.
4. Во длабок сад ја ставаме павлаката, го рендаме кашкавалот (150 гр) на ситната страна од рендето и соединуваме.
5. Во огноотпорна тава ставаме пола од смесата со месо, па ставаме и пола од смесата со кашкавал и павлака, па наросуваме насекаде оригано (1м.л.). Сега ја ставаме останатата половина од смесата со месо, па бешамел сосот (рамниме убаво), па врз него ја ставаме останатата половина од смесата со кашкавал и павлака. На крај го рендаме кашкавалот (50 гр) на ситната страна од рендето.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени - околу 40 минути. Нека олади 10-на минути, па послужуваме додека е топло.

На здравје!