Испечати

Банана Мус Десерт

Банана Мус Десерт

Состојки

  • 1 Банана
  • 1 м.л. Лимонов сок
  • 1 м.л. Мед
  • 60 мл Слатка Павлака
  • 1/2 м.л. Несквик

Подготовка

Овој банана мус е многу лесен, воздушест, неверојатно нежен и вкусен десерт, што сигурно ќе ве придобие вас и вашето семејство.

Подготовка

1. Бананата ја лупиме и ја сецкаме на кругчиња. Ја ставаме во чашата од блендерот, ги додаваме лимоновиот сок и медот (ако е позрела бананата, мед не мора).
2. Блендираме до хомогенизирање, буквално се додека се добие мазна глатка смеса без грутчиња.
3. Сега во чашата од блендерот ја додаваме слатката павлака и несквикот (тој може и да се изостави-по вкус). Блендираме со кратки пулсирања, 7 до 8 пати. Сервираме во чаша и дегустираме веднаш.

Забелешка - Првиот пат кога го направив овој мус (во поголема количина за еден повод) јас го дегустирав веднаш, а овој пат го правам по вторпат, и во случајов го покрив со стреч фолија и го оставив на 1 час во фрижидер. Разликата е во тоа што доколку се решите мусот да отстои во фрижидер, делумно ќе се стегне, и кога го јадете потсетува на сладолед. На вас оставам да изберете како ќе го послужите - веднаш или ќе успеете да издржите 1 час.

П.С. Наведените состојки се за 1 чаша, вие прилагодете ги состојките зависно од вашите потреби.

На здравје!