Велигденска плетенка Tsoureki, со мирис на махлеб
Состојки
- 20гр свеж квасец
- 300гр брашно, +-1,2 лажици
- 80мл млеко
- 50мл вода
- 80гр путер
- 4гр махлеб
- 70гр шеќер
- 1 и 1/2 јајце
- Малку цимет
- Некое зрно сол
- Половина јајце за премачкување
- Кафен шеќер за посипување
Подготовка
Кога ја подготвував плетенкава домот ми мирисаше како во Грчките слаткарници. Махлеб е зачин во прав, кој е неизоставен дел од традиционалната подготовка на нивните козињаци, колачи, шербетски десерти.
Tsoureki е мек и многу ароматичен рецепт за сладок леб кој секогаш се служи за време на Велигден во Грција. Махлеб се користи како сладок вкус и за некои десерти од Блискиот Исток. Направено е од семки од цреша и има многу силен и уникатен вкус. Јас го обожавам.
Подготовка:
1. Во сад на тивок оган ги загреваме млекото, водата, половина количина на шеќер. Тука го додаваме квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Сега ги ставаме во вангличка активираниот квасец, остатокот на шеќер, махлебот, циметот, сол, половина количина на растопен путер. Промешуваме и додаваме прво 150 гр брашно, значи не цело. Промешуваме. Можите да користите и миксер. Ги додаваме јајцата и остатокот на брашно.
Месиме подолго, додека не добиеме мазно, но помалку лепливо тесто. Ако многу лепи додадете 1,2 лажици брашно. Го покриваме и оставаме тестото на топло 1 час.
3. Сега во вангличката, кај стасаното тесто, го додаваме остатокот на путер во 2 наврати постепено и убаво месиме, додека не си го прими тестото. Ќе добиеме фантастично, нежно тесто. Го покриваме и оставаме на топло 1 час.
4. Кога веќе по втор пат нараснало го делиме на 3 дела. Нежно правиме ремени, кои ги виткаме во плетенка. Покриваме и оставаме на топло уште 30 минути. Премачкуваме со остатокот од јајцето, наросуваме кафен шеќер. Печиме околу 30 минути во загреана рерна. Оставаме на решетка убаво да се излади, па сечиме на парчиња и послужуваме.
На здравје