Испечати

Велигденска солена бабка со спанаќ, коприва и младо сирење

Велигденска солена бабка со спанаќ, коприва и младо сирење

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1 јајце
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 40гр растопен путер
  • 125мл топло млеко
  • Максимум 300гр брашно
  • Полнење
  • 70гр млада коприва
  • 250гр исчистен спанаќ, само листови, мерка
  • 1 јајце
  • 150гр младо сирење
  • 20гр растопен путер
  • Сол и бибер
  • За премачкување малку изматено јајце

Подготовка

Убавина.

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, шеќерот и квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, половина од путерот, јајце. Промешуваме со вилушка. Го додаваме брашното и замесуваме мазно тесто.
3. Сега ја додаваме половинката од растопениуот путер, значи 20 гр и месиме убаво, додека тестото не си го прими и стане мазно. Го покриваме и оставаме на топло да се дуплира.
4. За тоа време го подготвуваме полнењето. Во зовриена вода ги ставаме листовите спанаќ и коприва неколку секунди да се бланшираат. Ги процедуваме мноогу убаво со рацете. Течност не смее да има.
Јас процедени ги ставив и на чиста кујнска крпа. Во процесор или нутрибулет ги ставаме јајцето, путерот и спанаќ со коприва. Соединуваме. Не е задолжително, но ќе добиеме поизедначена смеса. Го додаваме младото сирење, сол и бибер.
5. Од втасаното тесто расучуваме правоаголна кора. Рамномерно го нанесуваме полнењето. Виткаме ролат. Со чист и набрашнет нож го сечиме по должина. Двете траки, со сечената страна треба да бидат нагоре, ги преплетуваме. Вака формираната бабка ја ставаме во долгнавест, тесен сад за леб. Ја покриваме и оставаме на топло 20 минути. Ја премачкуваме со јајце.
6. Печиме околу 30 минути во загреана релна. Оставаме на кујнска решетка потполно да се излади, па сечиме на парчиња и сервираме.