Колач со банани и морков
Состојки
- 2 јајца
- 170гр шеќер
- 60гр кисела павлака
- 100гр растопен путер
- 280гр брашно
- 1лажиче пециво
- 1/4лажиче сода бикарбона
- Цимет и морско оревче по вкус
- 2 големи банани
- 50гр рендан морков
- Некое зрно сол, за истакнување на вкусот
- декорација
- 100гр темно чоколадо
- 2лажици масло
- Зелени, шеќерни трошки
Подготовка
Вкусно, кревко заблажување е мојот денешен предлог. За сите оние кои не се љубители на тешки десерти, овој е одличен избор.
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и се мати до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме растопен путер и кисела павлака. Соединуваме. Ги додаваме пасираните банани и ренданиот морков.
2. Во сад соединуваме брашно,сол, пециво, сода и зачини. И нив ги додаваме во претходните состојки.
Со шпатула убаво соединуваме. Смесата ја истураме во правоаголен плех, кој е обложен со хартија.
3. Печиме околу 30 минути. Го оставаме колачот да се излади, па го прелеваме со глазурата.
Посипуваме трошки. Сечиме на коцки и послужуваме.