Испечати

Цезар колач

Цезар колач

Состојки

  • Пандишпан
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр брашно
  • 150мл зејтин
  • 100мл млеко
  • 1 пециво
  • 50гр чоколада рендана и 3 лажици ореви мешани со бисквити.
  • Филот
  • 500мл млеко
  • 4 лажици густин
  • 150гр шеќер во прав
  • 250гр маргарин
  • 200гр мармалад

Подготовка

Празниците доаѓаат, па еве од мене една убава вкусна торта, како предлог. Ајде да ви ја покажам постапката.

Подготовка:

1. Јајцата ги матиме со шеќерот. Матиме со вилушка или со рачна маталка колку да се растопи малку шеќерот и оставаме да отстои 1 час.
2. Во сад на оган го вариме нишестето, 400 мл млеко да зоврие , а останатите 100 мл ги разматуваме со нишестето и ги додаваме во садот. Мешаме да згусне, па кога е готово настрана тргаме и оставаме да излади. Матиме маргатин со шеќер во прав и кога нишестето е ладно ги помешуваме заедно. Филот е спремен.
3. Во садот кај јајцата додаваме брашно,пециво,млекото и зејтинот. Мешаме убаво да нема грутчиња и го делиме тестото на два дела. Во едното ставаме рендана чоколада и мешавината од бисквити и ореви. Печеме двете теста. Морам да напоменам дека ако печете во помали калапи,тогаш готовите пандишпани ќе треба да ги сечете на два дела, па ќе добиете 4 потенки пандишпани. Јас печев во поголеми калапи, па затоа не ги поделив и имав колач од два пандишани.
4. Кога се изладени тестата,одимесо редење на колачот. Прво ставаме еден пандишпан, па го премачкуваме со мармалад. Јас користев мармалад од шумска мешавина. Врз мармаладот ставаме од филот,размачкуваме убаво и рамномерно. па потоа додаваме повторно пандишпан, но сега овој со ренданата чоколада. Пак премачкуваме со мармалад,а потоа повторно фил. Декорираме со чоколадни велигденски декорации.

Нека ви е слатко. Среќни празници.