Испечати

Кремпита со бисквити

Кремпита со бисквити

Состојки

  • 500гр бисквити
  • 4 јајца ( жолчките )
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 3 лажици брашно
  • 1литар млеко
  • 250гр маргарин

Подготовка

Имаме еден преубав колач, нежен по вкус, лесен за работа, полесен за јадење. Ми се погоди и како појадок наутро, пред работа, лапни две три коцки,па замини. Ајде да ви кажам како го спремив.

Подготовка:
1. Од млекото одвоив 700 мл и ги ставив со шеќерот да зовријат.
2. Во другите 300 мл им ставив 4 жолчки кои претходно ги одвоив од белките. Изматив убаво со вилушка, па додадов гриз и брашно. Кога млекото веќе беше зовриено, го тргнав на страна и ја додадов смесата со жолчкиве. Мешав убаво да згусне филот,да се свари. Тргнав на страна и оставив да поизлади. Кога беше изладен, додадов маргарин и убаво измиксирав да се спојат смесите.
3. Калапот во кој ја редев бисквитната пита, го поставив на дискус, па почнав со редење. Ставив еден ред бисквити, па нанесов рамномерно од кремот. Со шпатула размачкав убаво и повторно нанесов ред бисквити. Така ја повторував постапката, додека имав бисквити. Завршив со крем, па израмнив убаво.
4. Оставив во фрижидер да се лади, да се стегне и соедини. Кога е веќе стегнато,нарендав темна млечна чоколада. Сечев коцки и служев.

Топло ви го препорачувам за празниците, посебно за луѓето, кои, како мене, секогаш се кнап со време.
Нека ви е на здравје овој преубав десерт.