Посни мекици
Состојки
- 400 г брашно
- 250 мл топла вода
- 20 г квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сол
- 2 лажици масло + масло за пржење
Подготовка
Овие мекици ги направив со тесто за леб. Го направив тестото и бидејќи беше поголема количина, решив да експериментирам и да направам неколку мекици за дечињата. Се изненадив колку нема разлика во вкусот со класичните мекици кои ги правиме со млеко и јајца. Одлични за време на пост. Може да си ги комбинирате со маслинки, џем или со растопено посно чоколадо ако сте во време на пости.
Пoдготовка:
1. Растворете го квасецот во топлата вода, со шеќерот и додадете ги брашното, солта и маслото. Измешајте убаво со лажица, а можи и да користите миксер со прикачени маталки за тесто. Покријте го тестото со стреч фолија и оставете го да нарасни 1 час.
2. Потоа тестото не го премесувајте, само нежно обликувајте го во 1 целина. Загрејте поголема количина масло. Со набрашнети или намастени дланки, кинете од тестото, обликувајте неправилна форма и ставете да се пржи на умерена температура од двете страни, додека убаво не порумени мекицата.
Готовите мекици ставајте ги на хартија, за да се впие вишокот масло.