Посна Капри торта без печење
Состојки
- Основа
- 250 гр мелени бисквити
- 100 гр маргарин
- 100 мл фанта
- Чоко слој
- 100 гр чоколадо + 3 лажици масло
- или 3 полни лажици посен какао крем
- Овошен слој
- 300 гр јаготки
- 250 мл вода
- 6 лажици шеќер
- 1 ќесиче прашок за пудинг со вкус на јаготки
- 1 лажица нишесте
- Ванила дел
- 0,5 литар фанта
- 6 лажици шеќер
- 2 ќесички прашок за пудинг со вкус на ванила
- 100 гр маргарин
- Прелив
- 100 гр чоколадо + 4 лажици масло
Подготовка
Подготовка
За оваа торта потребен е калап со димензија 22-24.
1. Измешајте го маргаринот отстоен нa собна температура со бисквитите со раце. Додадете ја фантата и повторно убаво измешајте.
2. Сипете ја смесата на дното на калапот и убаво натапкајте и израмнете ја. Оставете ја на ладно или во фрижидер, додека го спремате чоко делот.
3. За него потебно е да се стопи чоколадото со маслото или можи наместо тоа да употребите посен какао крем и едноставно со него да ја премачкате подлогата.
4. Во тенџере на рингла ставете ги јагодите или друго црвено овошје, ако сакате и дотурете 200 мл вода, а во останатите 50мл растворете ги прашоците. Сварете крем и истурете го врз чоко глазурата во калапот. Оставете го да се лади додека го спремите ванила делот.
5. Во тенџере ставете ја фантата од која во 100 мл од неа сте го раствориле прашокот за пудинг. Мешајте додека се згусти и тргнете на страна. Додадете го маргаринот и мешајте енергично, да се соединат комплетно состојките или пак употребете миксер за побрзо и полесно. Ванила кремот истурете го врз овошниот.
6. На крај, стопете го чоколадото со маслото и прелијте одозгора. Како ние не постиме, јас наместо масло додадов слатка павлака (да не ве буни изгледот на чоколадниот дел). Откако ќе одлежи тортата една ноќ во фрижидер, извадете ја од калапот, украсете по желба и иселете на посакуваните парчиња.