Испечати

Посни мекици за појадок, за Велигденскиот пост

Посни мекици за појадок, за Велигденскиот пост

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажица шеќер
  • 1лажиче сол
  • 100гр гриз
  • 300мл вода
  • Од 400 до 450 гр брашно
  • Масло за пржење, околу 150 мл, значи не многу

Подготовка

Вкусни, посни мекици. Верувам дека на многумина ќе им се допадне овој рецепт, за тековниве Велигденски пости. Јас не постам и ги јадев со сирење.

Подготовка:

1. Во вангличка ставаме млака вода, шеќер, квасец и гриз. Промешуваме и оставаме на топло да се активира квасецот.
2. Потоа постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, по малку лепливо тесто. Врз него ставаме 2,3 капки масло, го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на топло да се дуплира. Со намастени раце го делиме на 8 топки.
3. Во сад ставаме масло да се загрее на умерен оган. За тоа време со раце, или со сукало ги развлекуваме во кружни форми топчињата. Ги пржиме од двете страни да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфетки, па ги послужуваме топли.