Испечати

Веган пјадина

Веган пјадина

Состојки

  • 2 пјадини
  • 1 тиквичка
  • 10 шери домати
  • по потреба листови мечкин лук
  • по потреба листови марула
  • по потреба веган фета
  • малку суво чили пиперче

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквичката исечете ја на тенки кругови и испечете ја на грил тава. Пјадините загрејте ги од двете страни (по 30-тина секунди од секоја страна).

2. На секоја пјадина нанесете од грилованите кругови тиквичка, шери домати исечени на кругови, листови мечкин лук, листови марула, парчиња веган фета и посипете со чили пиперче.

На здравје.

Забелешка - Наместо пјадина може да употребите тортиља.