Испечати

Посни солени шишарки

Посни солени шишарки

Состојки

  • Тесто
  • 1 чаша млака вода
  • 1 лажиче сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол плус 2 лажици масло
  • 3 чаши брашно
  • За варење
  • 6 чаши вода
  • 2 лажици сода
  • крупна сол за наросување

Подготовка

Подготовка:

1. Квасецот и шеќерот растворете го во водата. Додајте 2 лажици брашно, промешајте и оставете да се активира.
2. Додајте го брашното, маслото и солта и месете 5-6 минути, да се добие мазно, нелепливо тесто. Покријте го и оставете го да се дуплира во волумен.
3. Приклучете ја рерната на 180 степени. Ставете ја водата и содата на оган да зоврие.
4. Тестото поделете го на 14 дела и направете топчиња. Кога ќе зоврие водата ставајте по две, три теста внатре и варете ги 15 секунди. Со лажица решетка, вадете ги и ставајте ги на плех прекриен со хартија, која сте ја премачкале со масло. Со ножица сечете под агол врвчиња, да се добие формата на шишарка и наросувајте ги со крупна сол.
5. Кога се сите готови, ставете ги да се печат 20 минути, убаво да заруменат.