Испечати

Бомбици со конфлекс

Бомбици со конфлекс

Состојки

  • 100 гр урми
  • 50 гр конфлекс
  • 2 лажици сува брусница
  • 1 лажица кокосово масло
  • 3 лажици сок од портокал

Подготовка

Подготовка:

1. Во блендер ги ставаме урмите, ги блендираме.

2. Во длабок сад ги ставаме иситнетите урми, го додаваме конфлексот, брусницата, кокосовото масло и сокот од портокал. Мешаме со лажица да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во фрижидер да се стегне 30тина минути. Формираме бомбици. Украсуваме со стопено темно чоколадо со 70% какао.