Кремаста, турска салата од морков
Состојки
- 3,4 средни моркови
- 250гр кисела павлака
- Сок од лимон
- сол
- Маслиново масло
- 1 рака тостирани ореви
Подготовка
Прекрасна, освежителна салата е мојот предлог.
Подготовка
1. Исчистените моркови ги рендаме на крупната страна на рендето. Додаваме сол, сок од лимон,киселата павлака. Соединуваме убаво. Ја ставаме салатата во сад за сервирање.
2. Врз неа капнуваме маслиново масло. Посипуваме тостирани ореви. Оставаме во фрижидер да се спојат вкусовите 1 час.
Сервираме.
Забелешка, по желба може да се додаде и лажица мајонез.
Јас не ставив.