Крекери со семиња (посно)
Состојки
- Мерка е чаша од 100 мл
- 1 чаша Семки од сочоглед
- 1 чаша Семки од тиква
- 1 чаша Ленено семе
- 1 чаша Сусам
- околу 140 гр Брашно
- 1 м.л. Пециво
- 1 м.л. Сол
- 2 чаши Вода (топла)
- 1 чаша Масло
Подготовка
Брзи, едноставни, превкусни крекери, одлични со чаша пиво, идеални за со хумус или било каков друг намаз, или едноставно како грицкалици, кои во секој случај се далеку поздрава опција за моментите на глад помеѓу главните оброци, кои ќе не заситат, но сепак нема да не прејадат.
Подготовка
1. Во подлабок сад ги ставаме сите семиња, па ги додаваме останатите суви состојки (претходно соединети). Мешаме до соединување.
2. Сега ги додаваме и течните состојки и соединуваме со лажица (може и со рака).
3. Смесата ја делиме на 2 исти дела. Секој дел посебно го ставаме врз мрсна хартија, покриваме со друго парче мрсна хартија, завиткуваме од страните во димензии од 30х30 цм. Потоа ја тргаме горната мрсна хартија, а расуканата смеса (заедно со долната мрсна хартија) ја префрламе во плехот во кој ќе печеме. Сечеме парчиња со остар нож (јас ги сечев по 5 цм секое, и така добив 36 парчиња од едниот дел).
4. Ги ставаме да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени и печеме до заруменување (јас печев 20 минути). Нека оладат, па може да се дегустираат. Постапката и со другата половина од смесата е иста.
Забелешка - Доколку ви останат, за да бидат крцкави, чувајте ги во кутија со капак.
На здравје!