Ароматично пециво со листови мечкин лук (посно)
Состојки
- Тесто
- 125мл. масло
- 250мл. млака вода
- 20гр. свеж квасец
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 600-700гр. брашно
- Полнење
- по потреба свежи листови мечкин лук
- За премачкување
- 1/2 филџан(од 150мл) вода
- 1 лажица брашно
- 1 лажица масло
- 1/4 лажиче куркума
- малку сол
Подготовка
Излезе мечкиниот лук и време е да го искористиме што повеќе. Имав замесено тесто за да направам едноставни посни кифли. Во тој момент дојде маж ми со ќеса свежо набран мечкин лук, и веднаш промена на план. Ова пециво е првото што ми дојде на ум во тој момент.
Подготовка
1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто.
2. Тестото поделете го на топчиња. Секое топче расукајте го како во должина, како за кифли.
На едниот крај во должина нанесете листови мечкин лук, а другата половина засечете ја (види дополнителни слики).
3. Завиткајте во ролат. почнувајќи од страната каде се листовите мечкин лук. Потоа свиткајте го како полжав. Наредете ги во плех. Во сад измешајте ги состојките за премачкување и со истиот премачкајте ги пецивата. Печете на 200 степени, околу 25 минути( додека заруменат).