Враповите на Елена
Состојки
- 250гр павлака
- 1паковка тортиљи
- 2 црвени пиперки
- 1главица кромид
- 100мл масло
- 400гр пилешки стек
- 250гр гауда рендана
- 1паковка кари црвена паста
- 1лажица зачини по вкус ( лук сушен, црвен пипер, сол )
Подготовка
Денешниот рецепт е рецептот на мојата Елена,па затоа и така го доби името. Таа спреми преубави врапови,кој покрај тоа што беа вкусни,беа и убави за око. Ајде да ви објаснам што се правевме.
Подготовка:
1. Пиперката и кромидот исецкајте ги на коцки. Запржете ги и тргнете ги на страна.
2. Во друг сад на страна запржете го пилешкиот стек кој претходно го исековте на коцки. Штом е пржен, додадете ја црвената кари паста и зачинките.
3. На чинија ставајте по една тортиља и премачкајте ја со павлака. Додајте по една лажица до две од пржените пиперки и кромид, а потоа и од пилешкиот стек. Наросете, по вкус, рендан едамер, па пополека свиткајте ја тортиљата и запечете ја на ненамастено тавче, горе на ринглата. Нека позатемни по малку од страните.
4. Така повторете ја постапката со сите тортиљи. Јас за сервирање ги пресеков на половинки. Имавме превкусно јадење,пробајте и вие.
На здравје.