Милкшејк Од Јагоди и Банана
Состојки
- 15-на Јагоди
- 1 Банана (позрела) замрзната
- по вкус (околу 100-150мл) Млеко
- 1 м.л. Ванила екстракт
Подготовка
Овој милкшејк е многу освежителен, и најчесто знам да го припремам во летните денови, кога го комбинирам со свежи јагоди и банана, и додавам сладолед од ванила. Овој пат сладоледот од ванила на некој начин го заменив со употребата на замрзната банана, која откако ќе се изблендира во таква состојба, дава ист ефект како сладолед.
Подготовка
1. Јагодите ги миеме и сецкаме на помали парчиња, ги ставаме во чашата од Нутрибулетот.
2. Ги додаваме исецканите замрзнати парчиња банана и екстрактот од ванила.
3. Додаваме млеко во количина по вкус, во зависност од тоа колку сакаме да ни биде густа смесата. Послужуваме веднаш.
*Забелешка - Доколку сакате заблажете по вкус со мед или со засладувач по ваш избор. Јас не додадов никаков засладувач, бананата беше доволно зрела и блага, а истотака и јагодите.
На здравје!